Му го укрле сксофонот на Ферус – аман вратете те го ќе ви платам, моли тој


Засега непозанти крадци вчера вечерта му провалиле во автомобилот на Ферус Мустафов и му ги украле саксофонот и кларниетот како и чантата на неговата сопруга, објавува Вест. 

ferusФерус за весникот вели дека бил на гости кај синот и го паркирал автомобилот пред зграда во Топанско Поле. Неговата сопруга ја заборавила чантата на седиште и тоа најверојатно ги привлекло крадците. Како што кажува Ферус за Вест, тие не скршиле ниту еден прозорец, а успеале да влезат во автомобилот и да му ги украдат инструментите заедно со чантата на неговата сопруга.

Вели дека му направиле штета од околу 6000 евра, но дека тој е подготвен да плати дополнителна сума за крадците да му ги вратат инструментите бидејќи станува збор за ретки примероци кои не може да се најдат во Македонија и на кои е изгравирано неговото име, па поради тоа и не може да се продадат. Затоа, апелира до крадците да му ги вратат назад а тој е подготвен да им плати.

Апелира и до колегите музичари, доколку им дојдат во раце инструментите да го известат бидејќи е емотивно врзан за нив.
Истата вечер без инструментот останал и Коки. Тој за Вест вели дека му го скршиле предното стакло од автомобилот, му го украле радиото, пасопшот и некои други документи како и електричната виолина. И Коки, како што вели за Вест е емотивно врзан за виолината па апелира до крадците да му ја вратат, а за тоа подготвен е да плати.

извор Вест

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1