Парламентот на јужно американската држава Суринам изгласа закон со кој секој кој ќе запали цигра на јавно место ќе оди во затвор.
Сите кои ќе се фатат со цигара надвор од нивните домови или автомобили за тоа ќе добијат затворска казна , предвидува законот.
Со истиот закон се забранува и рекламирање на цигари, а на сите кутии мора да има и слика која ќе говори за штетноста на пушењето.
Според последните статистички податоци на светската здраствена организација во Суринам пушачи се околу 40 насто од граѓаните.
Се чека законот да го потпише претседателот Деси Бутерсе за да стапи на сила – претседателот инаку е познат како страствен пушач.