Четири приказни како доказ дека ништо не е случајно


Неверојатни коинциденции се случуваат насекаде околу нас, а понекогаш и ѕвездите толку се согласуваат, што дури и најголемите циници мора да признаат дека некои од овие случајности се морничави. Ви ги претставуваме четирите приказни кои ќе ве натераат на размислување дека можеби и не е се така случајно.

6824889-death-life-and-death-cemetery-grave-burial-electricityПрвото предвидување на Едгар Алан По, кој во 1838 година го напишал својот единствен роман под наслов „Доживувањето на Авторот Артур Гордон Пума“, за кој тврди дека е напишан од вистински настан кој подоцна се испоставил како вистинит.
Тој во својот роман го опишал случувањето по кое на еден брод остануваат тројца луѓе и еден бунтовник Ричард Паркер. И покрај недостатокот на храната и водата, после неколку дена овие четворица влечат сламка, како би одлучиле кој ќе биде жртвата која ќе ја изедат – Тоа бил Ричард Паркер.
Речиси 50 години по објавувањето на оваа книга, се случува речиси идентична ситуација на јахтата Мигонета која е повлечена од Австралија.

Случајно или не, на јахтата се наоѓал и малиот од палубата Ричард Паркер, кој екипажот го убил и изел, токму како што е опишано во романот на Алан Поа.

titanik

2. Морган Робертсон ја напишал книгата „Трупот на Титан“,14 години пред да биде завршена изградбата на Титаник, а сличноста во приказната која е опишана во романот и она која неколку години подоцна навистина се случува е неверојатна.

Морган го опишал Титан како еден од најголемите бродови кои човекот ги има направено, првокласен хотел на вода, кој потонал по ударот во сантата лед на северен Атлантик и тоа во април околу полноќ. Интересно е тоа што и Титан и Титаник удриле во санта лед 400 милји од Њуфаундленд, но и двата брода имале премалку чамци за спасување.

0064007.743. Иако Вилмер Меклејн изјавил дека е премногу стар за да се бори во граѓанската војна која изби во 1861 година, овој несреќен човек учестувал во неа од почетокот до самиот крај. Граѓанската војна избила во родното место во Вилмер, а многу набрзо потоа еден од генералите одлучил дека куќата на Меклејн е најдобро престојувалиште за неговите луѓе.

Вилмер потоа се потрудил да најде подобро засолниште, ја продал куќата и се отселил што е можно подалеку, но војната повторно го стигнала. Сепак Меклејн овој пат не морал да се сели, затоа што војната набрзо завршила, а предавањето се завршило во новата куќа на Вилмер.

4. За оние кои случајно не знаат 4 јули 1776 година е потпишана Декларацијата на независност која е создадена во САД. Сепак тоа што особено зачудува, а е поврзано со овој датум е тоа што точно пред 50 години по тој ден 1776 година, умреле оние кои ја потпишале таа декларација.

Вториот и третиот претседател на САД, Џон Адамс и таткото на Декларацијата Томас Џеферсон.
Но, прикзаната тука не завршува, 4 јули 1831 година загинува и четвртиот американски претседател Џејмс Монро, а истиот датум 1831 година завршува и најголемата битка на Граѓанската војна, која ја одредила судбината на американскиот народ.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1