Вештачки земјотрес во Северна Кореја – детонирале нуклеарна бомба


E301A159-E118-4764-A2A6-E99E959C95A4_w640_r1_s

Северна Кореја соопшти дека изутринава успешно ја извршила третата подземна нуклеарна проба.
Во соопштението на корејската централна новинска агенција се вели дека во денешната проба бил користен намален уред кој имал поголема експлозивна моќ отколку во претходните проби, во 2006 и во 2009 година.
Според властите во Сеул, севернокорејската атомска бомба била со моќност од 10 килотони, која при пробата предизвикала сезимичка активност.
Severna-Koreja-treca-nuklearna-proba-3Кинескиот сеизмолошки центар соопшти дека во Северна Кореја е регистриан земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, кој „најверојатно е предизвикан од експлозија“.
Меѓународната агенција за атомска енергија информира дека регистрирала „необичен сеизмичка активност во Северна Кореја, со јасни карактеристики на експлозија“.
Severna-Koreja-treca-nuklearna-probaПробата е извршена и покрај мерките на Советот за безбедност на ОН со кои се повикува Пјонгјанг да ги запре работите на развивање на нуклеарно оружје.
Овој потег на Северна Кореја е осуден од страна на Русија, Јапонија, Британија и од Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи вонредна седница, со цел да се договори како да реагира на оваа проба, со која Пјонгјанг ги прекрши резолуциите на Светската организација.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1