Северна Кореја соопшти дека изутринава успешно ја извршила третата подземна нуклеарна проба.
Во соопштението на корејската централна новинска агенција се вели дека во денешната проба бил користен намален уред кој имал поголема експлозивна моќ отколку во претходните проби, во 2006 и во 2009 година.
Според властите во Сеул, севернокорејската атомска бомба била со моќност од 10 килотони, која при пробата предизвикала сезимичка активност.
Кинескиот сеизмолошки центар соопшти дека во Северна Кореја е регистриан земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, кој „најверојатно е предизвикан од експлозија“.
Меѓународната агенција за атомска енергија информира дека регистрирала „необичен сеизмичка активност во Северна Кореја, со јасни карактеристики на експлозија“.
Пробата е извршена и покрај мерките на Советот за безбедност на ОН со кои се повикува Пјонгјанг да ги запре работите на развивање на нуклеарно оружје.
Овој потег на Северна Кореја е осуден од страна на Русија, Јапонија, Британија и од Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи вонредна седница, со цел да се договори како да реагира на оваа проба, со која Пјонгјанг ги прекрши резолуциите на Светската организација.