Компанијата „Rembrandt Social Media“, која се занимава со патенти го тужи Фејсбук – тврди дека ,,лајк,, е украдена од холандскиот програмер, Јонас Јосеф Еверардус ван Дер Меер.
Ван Дер Меер ја поседувал социјалната мрежа, „Surfbook“, пред да почине во 2004 година, а своите пантенти ги заштитил во 1998 година, што е пет години пред настанувањето на „Facebook“. Семејството на починатиот ја поддржува тужбата
„Сметаме дека патентот на компанијата „Rembrandt Social Media“, игра важна улога во успехот на оваа социјална мрежа која го има денеска, па поради тоа очекуваме судијата и поротата да дојдат до истиот заклучок, кога ќе ги приложиме доказите“, вели адвокатот, Том Мелшајмер.
„Surfbook“ беше социјален дневник, кој имаше за цел на луѓето да им додели слободен простор, во кој можат да ги поделат информациите со своите пријатели, а со притискање токму на „Like“, ќе ги одобрат истите.
Компанијата „Facebook“ не сакаше да коментира за било каква тужба дека пристигнала на нивна адреса.