Фејсбук го украл ,,Лајк,, – доби тужба


Компанијата „Rembrandt Social Media“, која се занимава со патенти го тужи Фејсбук – тврди дека ,,лајк,, е украдена од холандскиот програмер, Јонас Јосеф Еверардус ван Дер Меер.

facebook-likeВан Дер Меер ја поседувал социјалната мрежа, „Surfbook“, пред да почине во 2004 година, а своите пантенти ги заштитил во 1998 година, што е пет години пред настанувањето на „Facebook“. Семејството на починатиот ја поддржува тужбата

„Сметаме дека патентот на компанијата „Rembrandt Social Media“, игра важна улога во успехот на оваа социјална мрежа која го има денеска, па поради тоа очекуваме судијата и поротата да дојдат до истиот заклучок, кога ќе ги приложиме доказите“, вели адвокатот, Том Мелшајмер.

„Surfbook“ беше социјален дневник, кој имаше за цел на луѓето да им додели слободен простор, во кој можат да ги поделат информациите со своите пријатели, а со притискање токму на „Like“, ќе ги одобрат истите.

Компанијата „Facebook“ не сакаше да коментира за било каква тужба дека пристигнала на нивна адреса.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1