Младата девојка скокнала од мост на својот 22 роденден. Неколку часа пред трагедијата, нејзината пријателка ја критикувала на Фејсбук.
„Тие кои постојано ги обвинуваат другите за тоа што им се случува, треба да се вратат чекор наназад и подобро да ја согледаат ситуацијата. Најчесто согледуваат дека другите не се проблем, туку тие самите“.
Во торбата која Ешли ја оставила на мостот е пронајден список на пет личности кои ја правеле несреќна и кои не ги сака на својот погреб.
Засега не се знае дали на листата е спомената пријателката, но се спомнува млaдо момче за кое таа пишува дека тој ќе си го добие тоа што го заслужил.
Медиумите пренесуваат дека Ешли имала проблеми и порано и веќе еднаш претходно пробала да се самоубие.
Во нејзината торба се пронајдени и лекови кои се препишуваат на личности кои имаат пореметување на вниманието, кои се хиперактивни и кои имаат напади на паника.
Ешли работела во модната индустрија, за еден дизајнер на накит. Нејзините колеги од работа се изненадени од оваа трагедија и велат дека таа секогаш била насмеана на работа.
Dailymail