Кипарски трговски синџир уништи повеќе од 16 тони говедско месо за хамбургери поради стравување дека во нив има и коњско месо, соопштија кипарските власти.
– Неименуван малопродажен синџир се одлучил на таква акција во јануари по почетокот на скандалот со коњското месо, продавано како говедско во Европа, изјави Христос Христу, кипарски здравствен инспектор.
Во дел од британски продавнции под етикета „говедско“ беше пронајдено коњско месо од кипарско производство. Христу рече дека на Кипар се уништени 16,5 тони говедски хамбургери, за кои се сомневале дека содржат коњско месо. Кипарските власти тврдат дека коњското месо не влегло на пазарите на островот.