Нов смртоносен вирус сличен на Сарс се шири низ Британија


Британските здраствени работници предупредуваат за нов смртоносен вирус сличен на „SARS“, кој може да се пренесе од човек на човек. Официјалните лица од „WHO“, ги охрабруваат земјите да трагаат по нови заболени, поради тоа што потеклото на оваа болест засега останува нејасна.


virus44Новиот вирус предизвукува загриженост за Светската здраствена организација и медицинските лица насекаде во светот, поради неговата способност истиот да се пренесе од лице на лице. Досега се евидентирани 11 лица преносители на ваквиот вирус, од кои петмина резултирале со смрт.
Вирусот бил регистриран во Саудиска Арабија и Катар и првично се мислело дека се шири од животни, како лилјаци, па на луѓе.

Но, најновиот пациент, без историја на преносливост, е регистриран на Блискиот Исток и Пакистан.
Сепак лекарите велат дека е прерано да се биде загрижен за новиот вирус, затоа што сеуште има низок ризик од инфекција.
Весникот Гардијан, го цитира професорот Џон Вотсон, шефот на респираторните заболувања на Агенцијата за здраствена заштита, кој вели дека доказот за преносливоста од човек на човек е ограничен. Иако овој случај обезбедува силни докази за преносливост од човек на човек, ризикот од инфекција во повеќето случаи сеуште се смета за многу низок.

virus labaratorijaСветската здраствена организација забележа два случаи, две лица од исто семејство во Саудиска Арабија во ноември 2012 годна, но не успеа да утврди дали болеста е пренесена од еден член на семејството на друг. Првиот случај на болест резултираше со фаталност, а беше регистриран во септември минатата година. Сепак, официјалните лица на WHO велат дека, ако вирусот лесно се пренесува, ќе имало далеку поголема бројка на жртви од 11 случаи. Новата болест доаѓа од коронавирус семејство, односно истата група која и припаѓа на смртоносната SARS.
Анонимниот вирус предизвикува пневмонија, а понекогаш и откажување на бубрезите, велат здраствените работници од Велика Британија.
Појавата на SARS во 2002 година резултираше со смрт на повеќе од 800 луѓе и се прошири низ повеќе од 30 земји ширум светот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1