Кувар 6 години ги труел колегите


Готвач од северна Шпанија се обидувал да ги отруе своите колеги ставајќи им отров во храната. 55-годишниот помошник готвач од Гијон е обвинет за обид за убиство и е пренесен во затвор додека заврши судската истрага. Тој шест години тајно ставал тешки хемикалии на база на цијанид во оброците на колегите кои им предизвикувале гадење, вртоглавици и слични последици.

restaurant-kitchenКолегите го пријавиле случајот кога се посомневале во своите постојани разболувања. Според нив, единствените  кои не покажувале  никакви симптоми биле помошникот готвач и неговата девојка.

По пријавата, шпанската полиција ги испитала садовите користени од работниците и пронашла траги од калциум цинамид, супстанца која  по долготрајна употреба може да предизвика смрт.

Покрај тоа, 58-годишникот е осомничен и за можна поврзаност со смртта на претходниот готвач во истиот ресторан кој починал од срцев удар во мај 2011.

Полицијата изјави дека најверојатно ќе изврши ексхумација на телото за да провери дали и кај него калциум цинамид ја предизвикал смртта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1