Криминални групи сакаат да го “срушат” авионот на Дачиќ?


Дефектот делумно би предизвикал оштетување и по полетувањето би довел до паѓање на авионот, при што дополнително не би можело да се констатира дали станува збор за намерно предизвикан дефект, бидејќи авионот во последно време постојано се расипувал, со што јавноста била запознаена.

Според податоците во медиумите, планот би бил остварен со помош на лица кои имаат пристап до авионот на српската Влада.

dacic_avion_bia-e1360882728296Вечерва Дачиќ со неговата делегација, безбедно слетал вечерва на српскиот аеродром “Никола Тесла”.

Премиерот, по консултации со првиот потпретседател на Владата и министер за одбрана Александар Вучиќ, одлучиле да продолжат со меѓународните активности.

Српската полиција врз основа на информации добиени од Безбедносно информативната агенција (БИА), добила сознанија за водачи на поедини криминални кланови кои поради свој интерес,а со помош на одредени лица кои имаат пристап до авионот на Српската влада,сакаат да предизвикаат дефект на авионот, додека премиерот или првиот потпретседател на Владата на Србија патуваат со него, пренесуваат српските медиуми 

Според поранешни договори со членовите на екипажот на авионот, Дачиќ одлучил да се врати во Белград денес попладне, со истиот авион со кој делегацијата пристигнала во Даблин.

БИА, порано во текот на денешниот ден ги известила Дачиќ и државниот врв, дека авионот со кој тие заминале во Даблин не е безбеден. Според сознанијата на весникот “Блиц”, владиниот авион на аеродромот бил необезбеден, па БИА проценила дека може да дојде до диверзии.

По тие сознанија, директорот на полицијата Милорад Вељовиќ и секретарката Вукиќ, го известиле Дачиќ и му рекле да не влегува во авионот, додека не се изврши вонредна контрола, но премиерот сепак одлучил да се врати во Белград.

-Имам обврски и морам да се вратам. Не сакам да го одложувам летот-рекол Дачиќ на директорот на полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1