Бриселскиот мочко – српски даса со опанци и шајкача (Фото)


Во чест на одбележувањето на Денот на државноста на Србија бронзениот симбол на Брисел е облечен во српска народна носија: опинци, елек и шајкача. Ова е традиција веќе неколку години. Мочкото се преслекува неколку пати неделно, и во неговиот плакар има неколку стотини костими. Статуата потекнува од почетокот на седумнаесеттиот век, а е подигната во чест на момче кое според средновековната легенда го спасило градот така што мокрејќи врз запален фитил, ги спречило освојувачите да ги дигнат во воздух градските ѕидини. 

brisel mocko

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1