На избори или не – Мини-конгрес на СДСМ во моментов тече на Бихаќка


Состанокот е на нешто повеќе од 24 часа пред истекот на рокот во кој опозицијата мора да ги поднесе кандидтските листи доколку сака да учествува на локалните избори.

sdsm640nasaМини-конгрес во моментов е во тек во седиштето на СДСМ на Бихаќка, дознава Press24 од партиски извори.

Според информациите, на состанокот во централата на најголемата опозициска партија покрај членовите на највисоките партиски тела, приустни се и сите претседатели на општинските организации на партијата низ Македонија.
Се разговара за тоа какви да се позиционира партијата откако денеска владејчката ВМРО-ДПМНЕ не го пормени ставот во врска со барањата на Црвенковски, да се одложат локалните избори и да се гарантира организиација на предвремени парламентарни избори доколку опозициската коалиција освои повеќе гласови на советничките листи.
Состанокот е на нешто повеќе од 24 часа пред истекот на рокот во кој опозицијата мора да ги поднесе кандидтските листи доколку сака да учествува на локалните избори.

Прес 24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1