Состанокот е на нешто повеќе од 24 часа пред истекот на рокот во кој опозицијата мора да ги поднесе кандидтските листи доколку сака да учествува на локалните избори.
Мини-конгрес во моментов е во тек во седиштето на СДСМ на Бихаќка, дознава Press24 од партиски извори.
Според информациите, на состанокот во централата на најголемата опозициска партија покрај членовите на највисоките партиски тела, приустни се и сите претседатели на општинските организации на партијата низ Македонија.
Се разговара за тоа какви да се позиционира партијата откако денеска владејчката ВМРО-ДПМНЕ не го пормени ставот во врска со барањата на Црвенковски, да се одложат локалните избори и да се гарантира организиација на предвремени парламентарни избори доколку опозициската коалиција освои повеќе гласови на советничките листи.
Состанокот е на нешто повеќе од 24 часа пред истекот на рокот во кој опозицијата мора да ги поднесе кандидтските листи доколку сака да учествува на локалните избори.
Прес 24