Илина Арсова – првата Македонка ќе го освојува Монт Еверест


Илина Арсова-првата жена Македонка која ќе се обиде да го развиори македонското знаме на Хималајските височини.

cap43Агенцијата за млади и спорт и додели на Илина финасиски средства во износ од 5.000 евра. Директорот на АМС м-р Лазар Поповски го претстави походот на Илина Арсова (кој треба да се случи оваа пролет во периодот од Април до Мај) и подготовките за искачувањето на Монт Еверест кои се во тек. Арсова ги има освоено речиси сите највисоки врвови од другите континенти во Светот.

Со самиот факт што искачувањето на Монт Еверест од страна на жени е поретко, проектот „Прва Македонка на врвот на светот“ меѓународно ќе ја афирмира нашата земја. Се ќе биде документирано преку ангажирање соодтветна филмска екипа во најоптимален обем.

Проектот кореспондира со една од главните препораки на Советот на Европа за “вклучување на жената во спортот“, што, во исто време претставува еден од приоритетите во „Програмата за развој на спортот 2013-2017“ како стратешки документ на Агенцијата за млади и спорт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1