Русите ги продаваат деловите од метеорот: Ја подобрува потенцијата, го зголемува растот на косата, но ги подобрува и оценките во школо – се дел од огласите на интернет.
По катастрофата која се случи во Челијабинската област на Урал, каде изминатите неколку дена паѓаше метеоролошки дожд, неколку снаодливи мештани, се досетиле да деловите од метеорот да ги стават на продажба. Еден од нив отишол толку далеку, што во огласот напишал дека парчето метеор помага при дијареја, ја зголемува потенцијата, растот на коските, придонесува за раст на косата, но ги подобрува и оценките во школо.
„Помага кај оние со дијареа, ја подобрува потенцијата, растот на влакната, ги уништува хемороидите, помага во борбата против кариес, го освежува духот. Ефикасен е против првут. Ги подобрува оценките во школо. Може да се продава на креди“, пишува во еден од огласите за продажба, објавен на сајтот avito.ru.
Цената на дел од метеорот изнесува од 5000, до 500.000 рубљи (околу 12,000 евра), а речиси сите можат да го купат на кредит.