Кинез поднел тужба против клиниката за третман на животни, откако неговото куче тибетски Мастиф починал за време на една естетска операција. Сопственикот на кучето, господин Ју, платил околу 160 евра за неговиот љубимец да добие операција на затегнување на лицето во пекиншката ветеринарна клиника.
„Ако моето куче изгледа подобро, сопствениците на оние кои што чуваат женки, ќе ми платат повеќе пари, за да се парат со моето“, изјавил Ју.
Кучето сепак починало на операционата маса, 20 минути по почетокот на третманот. Господин Ју подоцна открил дека неговото куче починало од срцев удар, поради компликациите кои се појавиле од анестезијата.
Тој сега ја тужи болницата за 100,000 евра, колку што наводно платил за своето куче, кое претставува најскапа раса на светот.
Ваквата раса стана најскапа во светот во 2011 година, откако сопственикот на кинескиот рудник за јаглен, потрошил речиси 120,000 евра за вакво куче. Сепак рекордот е соборен минатата година кога мажјакот под име Емперог е продаден за милион евра.
Сопственици на вакви кучиња биле и кралицата Викторија, кралот Џорџ IV и Џингис Кан, кој наводно со 30,000 кучиња во неговата војска успеал да ја освои Западна Европа.