Слепите ќе прогледаат – одобрено првото бионичко око (Видео)


На 14 февруари бионичкото око Аргус II, беше одобрено од страна на (FDA). Прво видео камерата се монтира на очилата на пациентот. Податоците подоцна бежично се пренесуваат на имплантот со цел да предизвикаат електроди во чипот. Овие електроди стимулираат пиксели на светлина врз мрежницата.

youtube-video-user-secondsighteurope.nКонечно, информацијата е испратена до мозокот и истата се обработува нормално како на сликата.
Тос е револуционерен концепт кој е создаден од професионалци од здраствената индустрија.
„Десет или дваесет години, луѓето не помислиле на можноста на бионичко око, а сега истото е реалност“, вели директорот на Националниот Очен Институт, Грејс Шен.
Оние кај кои е тестиран уредот во клиничките испитувања, се забележани значителни подобрувања.
Уредот овозможува повеќето пациенти да ги лоцираат објектите, вратите, прозорите во просториите, и да се завртат во насока на движење.

Речиси една четвртиа од луѓето можеле да ги прочитаат алфанумеричките карактери на насловните букви.
„Фактот дека многу пациенти можат да го користат имплантот Аргус II, во нивните активности од секојдневниот живот , како што се препознавањето на големите букви, или лоцирањето на позицијата на објектите, е повеќе од она што некогаш само можевме да го сонуваме“, вели Марк Хумаин, лекар и медицински професор на Универзитетот на Јужна Калифорнија.

copyright-2013-second-sight
Сепак и кај овој уред постојат ограничувања и пречки, а тоа е развивањето на начинот да се додадат доволно електроди во малиот чип кој седи на ретината со цел да стимулира доволен број на клетки кои можат да произведат квалитет на сликата. Експертите велат дека нормален вид се базира на повеќе од сто милиони рецептори во секое око кое процесуира светлина.

Ваквиот проект се работи во периодот уште од 1991 година, кога главниот и извршен директор Роберт Гриберг, на националниот Очен Институт, гледал операционен зафат на хирург кој го поврзал окото на пациент со жица и низ неа пуштил струја, што предизвикало кај пациентот да се појави еден вид на светлина.copyright-2013-second-sight-518 „Во тој момент мислев дека станува збор за инжинеринг проект. Воопшто немав претстава дека ќе бидат потребни 20 години пред истиот да го комерцијализираме“, вели Гриберг. Аргус II веќе е достапен во Европа, а наскорот се очекува истиот да биде достапен и во клиничките центри во САД.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1