Предлогот за новите имиграциски закони кои ги подготви Белата Куќа им овозможува на илегалните имигранти во САД, да во рок од осум годишен престој, добијат државјанство во Америка. Според тој план во листата спаѓаат и сопружниците како и децата на илегалните имигранти, кои се нелегално дојдени во САД и кои можат да поднесат барање за ваков статус.
Се проценува дека досега во Америка има околу 11 милиони имигранти кои немаат легален престој.
На новите законски предлози долго се противеле републиканците, но, по претседателските избори на кои кандидатот на демократите Барак Обама доби 71 % од гласовите, латино популацијата, која ја чинат најголемиот број на илегални имигранти, доведе до промена на ставот.
Тие се подготвени на некои нови законски предлози, но нагласуваат дека најважно е да се осигураат границите, првенствено мислејќи на онаа кон Мексико.
Во Конгресот претставниците на двете партии излегле со свој посебен предлог, па се проценува дека во горниот дом, каде што републиканците имаат мнозинство, нема да им биде лесно на демократите да го протуркаат предлогот на Обама.