Пронајдена најстарата форма на живот која постои и денес – во езеро во Мексико


limnologia3

Истражувачите од Националниот автономен универзитет во Мексико открија во природно езеро, во близина на градот Пеубла, во Мексико, микроорганизми кои формирале структура (калциум карбонат), позната како и „stromatolites“, која се смета за најстарата форма на животот на планетава.

Според доктор Хавиер Алкоцер Дуранд, истражувач на Факултетот за повисоки студии, ова откритие било направено во Алцхицхица езерото, кое се наоѓа на 109 километри североисточно од градот Пеубла.

limnologiaТој објасни дека овие микроорганизми, кои биле слични на Коахуила може да бидат корисни не само за проучување на потеклото на животот, туку имаат и биотехнолошка апликација благодарение на прилагодливоста кон екстремните услови, како што се високото ниво на соленост или ултравиолетовото зрачење.
Ваквите водни тела во езерото, се формирани од вулканска експлозија.
Дуранд за време на студирањето на улогата на ова тело, во контролата на климатските промени, ја анализираше количината на јаглерод диоксид утврдено од фитопланктонот, кој е заробен во длабоките талози.

i-12

Исто така го оценува количеството на гас кое што повторно се извезува во атмосферата.
Езерото се смета за еколошки уникатно и со висок степен на ендемизам.

Флората и фауната се прилагодува на екстремни услови. Езерото се наоѓа на надморска височина од 2320 метри. Тоа е најдлабокото во Мексико природно езеро, со најголема длабочина од 64 метри и просечна длабочина од 38,6 метри. Езерото има површина од 1,81 квадратен километар.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1