Пред добитникот на параолимпискиот медал да повика итна помош, тој му телефонирал на неговиот пријател Џастин Диварис (27) во 3,55 часот за да му каже што се случило. „Му реков: ’Што зборуваш?’ Тој потоа повторуваше: ’Се случи страшна несреќа, ја застрелав Рива’“, изјави тој за „Сандеј пипл“.
Според информациите, таа била застрелана четири пати од куршуми испукани низ вратата на бањата. Писториус (26), важи за добар стрелец а дома имал пиштол и митралез. Извори кои биле во куќата веднаш по смртта рекле дека тој ја изнел својата девојка на умирање од бањата, нејзината крв се распрскувала низ скалите, додека тој очајно се обидувал да ја оживее со вештачко дишење.
Први дошле чуварот и еден сосед откако чуле истрели, неколку моменти подоцна таа починала во рацете на олимпиецот.
Но на целиот случај фрла мистерија мистериозна крвава безбол-палка која е пронајдена во куќата. Имено полиција разгледува три сценарија. Прво дека тој можеби употребил палка за да ја нападне пред да ја застрела. Втора дека била употребена или за да се скрши вратата од бањата каде што се криела таа, и трета, дека таа ја употребила за да се одбрани од Писториус.Малку е веројатно дека ј употребил олимпиецот за да го скрши стаклото бидејќи тоа веќе било распрснато од 4 куршуми кој ги стрелал преку него во девојката.
Нејаснотии во целиот случај дава и една чаура од куршум е пронајдена во спалната соба, а полицијата разгледува дали тој ја бркал својата девојка и го истрелал првиот истрел пред таа да се заклучи во бањата.
Дека олимпиецот има мрачна страна деновиве говорат и неговите поранешни девојки. А дека љубомората можеби е мотив говорат гласините дека младата манекенка била во врската со плејбој рагби-играч Спрингбок Франсоа Хугард – кој , некои велат дека и повеќе од тоа. А тој наводно не се појавил на закажан натпревар со својот тим „Водаком булс“ во деновите по смртта на Стинкамп.
Поранешните девојки на параолимпиецот јавно укажуваа дека тој има темна страна.Една од нив, 26-годишната студентка Саманта Тејлор, рече дека тој „со сигурност не е она што луѓето мислат дека е“.