Четири лица се здобиле со телесни повреди при судар на два автомобили кај трговскиот центар Мавровка.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, околу 14.30 часот, на булеварот Гоце Делчев, во близина на Мавровка се судриле “голф“ и “бмв“.
Со “Голф“-от управувал 19-годишниот Б.Б., а сопатици биле 24-годишниот А.Л. и 29-годишниот Н.Ј.
“Бмв“-то го возел 55-годишниот З.П.
При сударот со телесни повреди се здобиле сите, а Б.Б. и Н.Ј. се однесени во Ургентниот Центар, додека З.П. и А.Л. во Градската болница “Наум Охридски“.