Вчера околу 00:15 часот на раскрсницата од булеварот “Партизански ордед” и Булеварот “Октомвриска револуција”, во близина на бензинската пумпа во карпош 3, дошло до директен судар на автомобил опел астра, управуван од П. Л. и автомобил ауди со кој управувала М.Н., двајцата од Скопје.
Од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачот на аудито и сопатничка во астрата Б.М., додека М.Н. и сопатничките во астрата М.Н., Ј.Т. и К.М. поминале со полесни повреди. Сите биле згрижени во болницата “8 Септември”. Полицијата извршила увид по што се работи на расчистување на причините за несреќата.
Фото – ЗаСе