Тешка сообраќајка на Партизанска во Карпош 3 вечерва (Фото)


soobrakjaka partizanska2Тешка сообраќајна несреќа се случила пред 20 сетина минути околу 12:30 часот на булеварот Партизанска. Сообраќајката се случила на семафорите до бензинската станица во Карпош 3.

Според очевидците има и повредени, а за да бидат извадени од автомобилите морало да интервенираат и пожарникари кои ги сечеле автомобилите за да стасаат до повредените. До несреќата дошло кога два автомобили на самата раскрсница се судриле, се претпоставува дека едниот од нив минал на црвено. По сударот двата автомобили се тумбале.

Нема информации за колку повредени станува збор. Според очевидците дури 3 возила на брза помош биле на местото. Нема информација ниту во каква здраствена состојба се повредените.

2 ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ – 4 ПОЛЕСНО ВО СООБРАЌАЈКАТА НА ПАРТИЗАНСКА

soobrakjaka partizanska2

soobrakjaka partizanska1

soobrakjaka partizanska

soobrakjaka partizanska3

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1