Интерактивните табли, кои им беа доделени на основните и средните училишта во Република Македонија кои се донација од Македонски Телеком, се веќе поставени во објектите каде што се одржува наставата и тековно се употребуваат.
Доделени се 66 табли, од кои 54 на основни и 12 на средни училишта. Обуката за нивно користење ја поминале околу 130 наставници.
“Предноста на интерактивните табли во однос на класичните е што ова помагало може да функционира како компјутерски екран осетлив на допир. Со користење на интерактивните табли ќе се подобри наставата по сите предмети”, изјави министерот Кралев.
Интерактивната табла е образовно помагало, кое што им овозможува на професорите лесна презентација на дигитални содржини при спроведувањето на наставните програми.