Бугарскиот премиер Бојко Борисов денес ќе поднесе оставка од функцијата, известува бугарската информативна агенција БГНЕС, пренесе Ројтерс.
– Власта ни ја даде народот, денес му ја враќаме, изјавил Борисов. Вчера направивме максимум за да одговориме на барањата на демонстрантите. Од денес натаму нема што да се направи за да им помогнам. Не можам да го гледам Орловиот мост во крв. Секоја капка крв за нас е петно. Јас не можам да го гледам Парламентот обезбеден со ограда – нам не ни е ниту цел ниту корист, ако треба да се пазиме од народот, кажа премиерот на заминување.
Понатаму, онака како што се поставени работите, државата има потреба од нов кредибилитет и народот да одлучи кој ќе го води понатаму. Минатите 4 години направивем максимум, дополни Борисов.