По триесет дневен притвор во Скопје им е одреден на уапсениот јавен обвинител С.Т. од Битола и неговиот возач. Двајцата прилепчани кои исто така се уапсени во рамки на вчерашната акција добија 30-дневен притвор во Прилеп.
Јавниот обвинител се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувањата преку прикривање на пријави за сторители на кривични дела од областа на нелегалната трговија со оружје.
Повеќе детали за акцијата и начинот на извршување на кривичното дело од полицијата најавуваат за подоцна.