Огорчени семејствата на загинатите бранители


Родителите на Раде Јанковски кој во 2001 година загина кај Љуботенски Бачила, велат дека се огорчени од одлуката поранешниот командант на УЧК, Талат Џафери да биде нов министер за одбрана. Како може човекот кој досега ги блокираше правата на бранителите сега да биде на чела на армијата, прашуваат тие, пренесува телевизија Телма.

BRANITELI_SPOMENIK„Такви луѓе не треба да се на такви позиции народот гледа и не заборава. Не може тој со месеци да седи и да молчи таму кога требаше да се донесе Законот за бранители, а сега да биде министер за одбрана, тоа е жалосно, но тоа не верувам дека ќе се смени, тоа си е договор на партиите“, изјави Александар Јанковски, татко на Раде Јанковски.

Никој освен градоначалникот на Ѓорче Петров, според Јанковски, не ги посетил и не им понудил помош изминативе 12 години, па затоа болката е уште поголема.

„Оваа земја е доволна за секој, немам ништо против никого без разлика на нација и вера, но мора да се има некаков ред, ако ти загинал син треба да се почитува тоа, да дојде некој да праша да не треба да се вработи некој, да се помогне“, вели Александар.

Не очкуваат во иднина нешто да се промени во односот на Министерството за одбрана и армијата кон родителите на загинатите бранители, напротив…

„Не ми се верува зошто се видоа неговите дела и неговите мисли, јас сум бил војник, сум бил 12 месеци резервист и знам што е армија, овие луѓе сега, тие не виделе војник ниту на слика. Нека си решаваат што сакаат, ние сме само ситни риби“, додава таткото на Раде.

Инаку Раде Јанковски загина заедно со уште седум други припадници на Армијата, откако нивниот камион налета на нагазна мина на патот кај Љуботенски бачила.

Извор – Телма

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1