Млада кумановка во животна опасност откако мажот ја избодел со нож


Кумановецот М.Д. (27) и нанел двесет убодни рани во градниот кош на дваесетгодишната сопруга А.Д., која се наоѓа во животна опасност и поради сериозноста на повредите е пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Полицијата трага по напаѓачот.

М.Д утрово околу девет часот ја напданал сопругата во семејната куќа на нејзините родители, лоцирана во населбата Доброшане.

noz– Откако влегол внатре, физички ја нападнал сопругата, а потоа и со нож. Притоа нејзината мајка се обидела да го спречи нападот, но откако и нејзе и нанел убоди на раката, излегла од собата за да го повика сопругот, а М.Д. избегал од куќата, изјави Валентина Николовска од СВР Куманово.

Вчера сопружниците имале расправија затоа што дваесетгодишната А.Д. сакала да го напушти кумановецот, кој и вчера физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници и клоци, а воедно и се заканил и дека ќе ја убие ако си замине.

Откако кумановчанката му ветила дека нема да го остави, тогаш тој излегол од дома, а А.Д. го повикала својот татко по што настанот е пријавен во СВР Куманово. Откако бил пријавен М.Д., по вчерашниот случај е приведен во СВР Куманово, но по извршена консултација со Основното јавно обвинителство е ослободен.

М.Д. од претходно и е познат на кумановската полиција која досега му поднесувала кривични пријави за „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, за „прикажување на порнографски материјал на малолетник“ и за „тешка кражба“.

БЕЗ ПАРДОН СКАНДАЛ: КАКО СЕ БЕГА ОД ЗАКОН – ПОРТАЛ ДОЛЖИ ПАРИ И СИ СЕ ПРЕКРСТИ

ВИДЕО: 17 ГОД ДЕВОЈЧЕ ПАДНАЛО ОД СКИ ЛИФТ ОД 15 МЕТРИ ВИСИНА
НА ПЕПСИ МУ ДОЗВОЛИЈА ДА КОРИСТИ АБОРТИРАНИ ФЕТУСИ ВО ПИЈАЛОКОТ
ЕВЕ КОЈ ОД 123-ТЕ ПРАТЕНИЦИ ГЛАСАА ЗА, А КОЈ ПРОТИВ ЏАФЕРИ ДА Е МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1