БЕЗ ПАРДОН СКАНДАЛ: Како се бега од закон – портал должи пари и си се прекрсти


Порталот БЕЗ ПАРДОН должи плати на околу 10 сетина вработени кои не се веќе во порталот. Вработените иако се обратиле и до трудовата инспекција, никој жив не може да изврши инспекција зошто на адресата каде е регистриран порталот нема никого. А сега порталот и си се прекрстил, вработените се сомневаат дека сопственикот со тоа сака да најде дупка за да му избега на законот.

bezpardon3Порталот кој довчера беше познат како БЕЗ ПАРДОН преку ноќ го смени името и без пардон веќе не постои – Односно од вчера на истиот линк и веб адреса се појави нов портал со име КОМУНИКАЦИЈА.МК.

Но се друго е исто дури и на фејсбук профилот се уште стои името без пардон иако се постираат линкови од комуникација.мк

Вработените велат дека е срамно што се дозволува на вакви поединци да го валкаат медиумскиот бизнис. Институциите би требало да се позанимаваат со овој ,,газда,, а тие правдата ќе ја бараат ако треба и на суд.

bez pardonВработените за своите права се обратиле до УЈП и до Трудовата инспекција. Ни го испратија писмото што го добиле од трудовата инспекција. Имено инспекторите се обиделе да направат увид но како што се вели во писмото никаде не може да ги најдат.

Писмото кое инспекцијата го испратила до вработените јасно кажува дека поради фактот што работодавечот ја попречува и оневозможува инспекцијата да направи увид превземени се законски мерки. А вработените ги упатува преку суд да си ги бараат неисплатените плати.

bez pardon 2

boboСпоред нашите информации, а и како што тврдат довчера вработените без разлика кој фигурира на хартија, газда на порталот било лице кое (за кој никој со сигурност не знае кое му е вистинското име) се преставува како БОБАН НАСЕВ, а некогаш и како Бобо Палигора.

Нема информации дали се уште е тој сопственик, дали е порталот сега продаден или пак како и во минатото само се менува импресумот и така нема траг до вистинскиот сопственик. Нашите извори велат дека тој и во минатото избегнувал да фигурира како сопственик, а за само половина година порталот сменил дури 3,4 управители и сите си заминале многу кратко откако виделе што се случува, а меѓу нив и звучни имиња од македонската јавна сцена.

Вработените кои се обратија до нас а останале покуси, некои од нив и за 5 плати велат дека преименувањето на порталот е поради фактот што веќе сите дознаа како работи овој газда на Без Пардон, па вака со ново име ќе почне јово на ново.

Поставивме прашања и до официјалната емаил адреса на порталот со намера да добиеме информации дали е ребрендиран, продаден, кој е сопственик и дали се подмирени обврските кон вработените новинари, како би ја имале и другата страна, но до објавувањето на овој текст одговор не добивме.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1