Немале пари да го погребаат бебето – за едно претпладне добрите луѓе собрале 1100 евра


Семејство немало 140 евра да го погребаат мртвороденчето, нивната тажна и сурова приказна ги натерала хуманите луѓе за сами едно претпладне да собрат 1100 евра

dete tatkoВалентина (31) се пораодила сама во сопствената куќа во Липик (Хрватска), родила мртвороденче. Семејството освен што било во шок поради загубата, срцето им се кинело што немаат 140 евра за да го погребаат достојно своето бебе. Сопругот Тихомир немал да плати ни за гробното место кога отишол да праша, а камо ли за останатите трошоци околу погребот. Нивната срцепарателна сторија ја пренеле локалните медиуми во Пожега, и како молња се проширила, добрите луѓе трогнати за само за едно претпладне собрале 1100 евра.

Градоначалникот на Липик, Антун Харамија ќе го плати гробното место а 3,500 куни ќе финансира Центарот за социјални грижи од Пакрац.

Момчето доколку преживеше требало да се вика Петар- соопштуваат од семејството Репинац.Валентина моментално е згрижена во пакрачката болница и физички е добро. Таткото вели мирно му е срцето бидејќи неговиот Петар барем ќе има достоен погреб. Ова скромно семејство живее од социјална помош и детскии додаток. Мајката е неспособна за работа, а таткото завршил само 4-то одделение, подоцна се дошколувал за возач на вилушкар и подработува само кога ќе го викнат. Семејството има уште едно детенце – 3 годишен син.

БЕЗ ПАРДОН СКАНДАЛ: КАКО СЕ БЕГА ОД ЗАКОН – ПОРТАЛ ДОЛЖИ ПАРИ И СИ СЕ ПРЕКРСТИ
ВИДЕО: 17 ГОД ДЕВОЈЧЕ ПАДНАЛО ОД СКИ ЛИФТ ОД 15 МЕТРИ ВИСИНА
НА ПЕПСИ МУ ДОЗВОЛИЈА ДА КОРИСТИ АБОРТИРАНИ ФЕТУСИ ВО ПИЈАЛОКОТ
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1