1.Го прифаќаме предлогот на Претседателот Иванов кој е веќе прифатен и од ВМРО-ДПМНЕ и предлагаме конституирање на експертската комисија пред почетокот на кампањата – за ова се потребни неколку денови.
2.Го прифаќаме предлогот на Премиерот Груевски, заедно да го донесеме изборниот законик со вградени препораки на ОБСЕ И ОДХР и да испратиме позитивна порака до меѓународната зедница – и за ова требаат неколку денови.
3.Го прифаќаме предлогот на Премиерот Груевски заедно да го дефинираме зголемениот и зајакнат мониторинг на локалните избори – и за тоа требаат неколку денови.
Притоа го преформулираме последниот наш став и предлог.
4.Заради прифаќање и реализација на предлозите на Претседателот на државата и Премиерот потребни се минимум 14 дена кој истовремено ќе бидат доволни за подготовки на опозицијата за учество на локалните избори.
5.Доколку коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ добие подршка од граѓаните со 1 глас повеќе на советничките листи од коалицијата предводена од СДСМ – предвремени избори нема. (овде нема никаков ултиматум)
– Ова го предлагаме пред донесување на одлуките за следните чекори на опозицијата зад која стојат 439.000 гласови.
– Доколку генерално е прифатливо, а сепак постојат одредени дилеми за детали околу овој предлог, прифаќаме или предлагаме лидерска средба на која ќе присуствуват и двете најголеми албански политички партии.
– Овој предлог пакет е потврда за нашата силна решеност и желба за добрата иднина на државата, политички дијалог и Евроатлантски перспективи на Македонија.
извор – Бриф