Најмалку 14 лица од публиката се префрлени во болница, а уште 14 други згрижени на самите трибини после несреќата за време на трката во Дејтона.
До несреќата дојде кога по судир на 11 автомобили, автомобилот на Кајл Ларсон влета на трибините во публиката.
Повредени се вкупно 28 лица. Денешната трка требаше да биде загревање за историската трка на која Даница Патрик ќе се обидеше да стане прва жена која ја освоила Наскар трката.