Македонско девојче ја освојува Америка


Ај пад мобилната апликација на Маја Мишева од Штип според американските ИТ експерти е најдобро изработен авторски проект помеѓу стотина пристигнати трудови од сите тамошни универзитети, објави Канал 5. 

maja– Пријатно сум изненадена од оваа награда и признание во исто време. Воопшто не очекував, иако се пријавив, дека ќе бидам еден од најдобрите во Америка со колеги што се од еден Харвард или Принстон. Сепак, ова признание не е само мое и на мојот матичен универзитет каде работам, но тоа е и големо признание за мојата сакана Македонија – вели Маја за Канал 5.

Повеќе од една година Маја работи како асистент на факултетот за информатички науки на еден од најмладите американски универзитети – Пејс од Њујорк. Нејзиниот авторски труд, како што ни објасни, викендов ќе земе учество на најголемиот светски конгрес за изработка на мобилни апликации во Барселона, Шпанија.

За каков конгрес се работи и каква е неговата тежина говори и фактот што на овој конгрес, право на учество се стекнуваат само десет прворангирани топ информатичари од исто толку земји од светот, чиј квалитет и оригиналност на трудовите е на високо ниво, и истите се презентираат пред најголемите светски корпорации прозведувачи на мобилни телефони.

– Овој викенд сум во Барселона со својот тим од универзитетот. Таму ќе бидам дел од десетте претставници од исто толку земји од цел свет, и пред претставниците на најголемите светски корпорации за производство на мобилни телефони ќе ја презентирам мојата апликација за мобилни телефони. Се надевам презентацијата ќе биде успешна – додаде Маја.

Маја Мишева е информатичар од штипскиот Универзитетот која дипломирала со просек десет. Пред две години таа ја нострифицитала дипломата во САД, што значи дека штипските дипломи се признаваат во оваа земја, објави Канал 5.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1