Мекдоналдс во Нови Сад забранил влез на Роми


Маја Рогиќ 32 годишна жена , од Нови Сад протестирала кога обезбедувањето во Мекдоналдс не и дало да ги внесе 3 деца од ромска националност во ресторанот.

Жената ги видела децата, момче од 8 години и две девојчиња од 7 и 5 години, како си играат во паркот и ги прашала дали се гладни, а потоа ги одвела во Мекдоналдс да им купи јадење.

На вратата ги застанало обезбедувањето и не им дало да влезат. Жената му рекла на вратарот дека се со неа и дека таа ќе плати се што ќе нарачаат, на тоа обезбедувањето и одговорило ,, вие може да влезете, но тие не,,

На жената и било жал, ги прашала што сакаат да јадат па влегла сама и купила сендвичи за сите. Жената, покажувајќи ја и фискалната сметка на новинарот на Бета, платила 1400 динари а јаделе надвор во паркот.

Нема официјален коментар од Мекдоналдс Србија.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1