Над 5.000 тони песок е поставен на брегот на реката Сена за новите плажи во Париз. Од 20 јули па се до 19 август сите оние кои што сакаат можат да ги посетат плажите во Париз.
По долгогодишна традиција од 11 години и понатака одлично функционираат импровизираните плажи на кои што парижаните се релаксираат и бегаат од секојдневните метежи и обврски.
Како и секоја година така и оваа на плажите покрај Сена ќе се одржуваат најразлични активности. Во програмата за оваа година ќе има забава и релаксација почнувајќи од најмалите па се до повозрасните личности.
На плажите се поставени неколку барови во кои што ќе се служат освежителни пијалоци, неколкумина детски игралишта и огрмона библиотека за сите посетители кои што би сакале бесплатно да се послужат со некоја добра книга.
Исто така на огромни видео – бимови ќе се прикажуваат Летните олимписки игри од Лондон и во таа чест ќе се организиират и игри за присутните на овие плажи. За љубителите на голф исто така ќе има импровизиран терен веднаш до плажите и бесплатни концерти во ноќните часови.
Што значи дека неполн месец граѓаните на Франција и присутните туристи секојдневно ќе можат да уживаат во најразличните активности и да ја почуствуваат магијата и шармот на градот Париз.
Доколку Париз е вашата дестинација во продолжение ја имате агендата за случувањата на овие градски плажи.
Од Париз за mknews.mk
Јордан Колевски