Ова детенце смее да јаде само една работа на светот, а и таа му ја снемува (Видео)


Тригодишно момче од Флорида, Мајкл Гонзалес не може да јаде обична храна. Дневно пие 20-30 шишиња вештачка бебе-храна „Neocate Junior“, која може да се добие само на рецепт. Тој не смее да јаде јаболки, моркови, ниту која било друга намирница која ја конзумираат децата на негова возраст.

detemleko1Од август 2012 година, неговите родители не само што се загрижени, туку се во паника. Откако произведувачот ја сменил амбалажата, детето после јадењето повраќа и има пролив. Уверени дека „Нутриција“, освен амбалажата ја променила и формулата, pa направиле залихи од старите производи чиј рок истекува во октомври.

После лекарскиот преглед во Клиниката Мајо во Рочестер (Минеаполис), на Мајкл му е дијагностициран ентероколитис предизвикан од протеините во храната. Овој синдром не е ретка појава и обично се доведува во врска со нетолеранција на млеко или соја кај бебињата од шест месеци до една година.

Меѓутоа, многу ретко се случува детето кое страда од овој синдром, покрај млекото и сојата да не може да јаде ни многу други видови храна, објаснува др. Весли Беркс од Универзитетот на Северна Каролина.

– Кај голем број деца овој синдром исчезнува до третата година од животот, рече овој експерт.

102605270Родителите на Мајкл тврдат дека нивниот син од раѓање се разликувал од другите деца. Повраќал после секој оброк и се грижеле дека би можел да умре од глад. Кога имал 11 месеци го откриле „Neocate Junior“ и му било подобро – се додека произведувачот не ја променил амбалажата.

Произведувачот „Nutricija“ истакнува дека ништо не се променило во сосојките на вештачката храна, дека само пакувањето е променето. И покрај тоа признаваат дека добиле 14 слични жалби, па во соработка со Американската агенција за храна и лекови (ФДА) спроведоа анализа и утврдиле дека составот на храната е ист.

– Разбираме дека ова е тешко време за семејството Гонзалес, наведува произведувачот во соопштението објавено на „АБЦ њуз“.

– Ги поврзавме семејството и нивниот лекар со клиничките експерти  за да можат заеднички да бараат за алтернативна можност на исхрана.

Додека родителите на Мајкл чекаат помош од експертите, тој и понатаму живее во светот без обична храна.

– Тој не знае каков вкус има вистинскиот сок или млеко, рече неговата мајка, Џенифер Гонзалес.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1