Родителите и детските градинки децата ги оставаат да спијат надвор, и тоа само по облека. Ќебиња добиваат за да се покријат само ако е под -20 степени
Ова е рутина во Нордиските земји. Тие своите деца ги оставаат да спијат надвор, на многу ниски температури, затоа што тоа според нив е многу здраво. Пред кафулињата и трговските центри во Копенхаген, Стокхолм и други градови на северот на земјата, често можат да се видат редови од детски колички во кои спијат бебиња.
-Мислам дека тоа е многу корисно за нив. Поготово во зима кога владеат болести. Децата се од воздухот поздрави- појаснува Лиса Мардон од Стокхолм, мајка на три деца.
Нејзините деца спијат надвор од кога се родени, а истото го правеле и нејзините родители. Во топлината на домот би ги внеле дури кога температурата би се спуштила околу -10 степени.
Во градинките во Шведска децата спијат под ведро небо. Надвор спијат се до нивната трета година.