Берлускони под истрага за подмитување на сенатор


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е под нова истрага поради корупција и обвинение дека подмитил еден левичарски сенатор во 2006 година.

berlusconi_retnew– Силвио Берлускони е под истрага во Неапол поради корупција во скандалот „плаќање на сенатор“. Обвинителството верува дека тој му платил три милиони евра на сенаторот Серџо Де Грегорио, објави италијанскиот дневен весник „Република“.

Случајот ја враќа истрагата на парламентарните избори во 2006 година, кога победи коалицијата на левиот центар со само неколку гласови повеќе. Неколку месеци по изборите, сенаторот од победничката коалиција Де Грегорио помина во опозицискиот табор на Берлускони, што помогна во соборувањето на владата во 2008 година. На следните избори победи Берлускони.

„Кориера дела Сера“ објави дека петмина обвинители се вклучени во истрагата.

Берлускони се соочува со неколку судски постапки против него, но досега има само една пресуда за затајување на данок, која ја обжали. Тој е на суд и поради обвинение дека имал сексуални однос со малолетна проститутка, додека бил премиер, а се товари и за злоупотреба на должноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1