Со застрелана нога, сопственикот на златарницата бил префрлен во Градската општа болница.
Како што објавија некои од порталите, две засега непознати лица вооружени со пиштоли вечерва околу 19 часот влегле во златарницата Циркон-2 во трговскиот центар во Буњаковец со намера да ја ограбат. Еден од разбојниците испукал куршум од пиштолот при што го погодил сопственикот на златарницата во пределот на ногата. Разбојниците веднаш побегнале од местото, а повредниот сопственик бил префрлен во Градската општа болница и според неофицијалните информации, неговата состојба е стабилна.
Истрелите што се слушнале вечерва нешто пред 19 часот ги вознемириле граѓаните кои живеат во близина на трговскиот центар Буњаковец.
Канал5