Многумина мислат дека „Anonymous“ се злобна хакерска група која сака само да им наштети на големите корпорации, но она што е вистина е дека тоа е група на луѓе од целиот свет кои делат исти идеали и цели: слободен Интернет, слобода на изразување и мислење, како и заштита од владината контрола.
Покрај големите онлајн кампањи, Анонимус постојано маршираат и протестираат на улица за различни работи, но последната вест од еден нивен протест донесе убав момент.
При нивниот протест во англискиот град Нотингем, маскираните луѓе на улицата по која марширале виделе бездомник, па решиле да му помогнат.
Тие го запреле нивниот протестен марш против избегнувањето на даноците од големите корпорации, па заедно почнале да му даваат на бездомникот онолку колку што имаат.
Бездомникот кој претходно бил избегнуван од случајните минувачи, овој пат за промена имаше шанса да разговара со некого, па вниманието кое му го дадоа овие луѓе сигурно му годеше, поради што на крајот пушти неколку солзи радосници.