Мало дете го спаси цело село од лавови – а неговиот изум сега се продава (Видео)


Малиот Richard Turere и неговото семејство имале проблем. Во нивното село во Кенија секоја ноќ лавови ја напаѓале стоката. Иако семејството дежурало на смени секоја ноќ лавовите немале страв и се проближувале дури и кога човек бил во близина.

LAVЕдна ноќ 13 годишниот Ричард забележал нешто чудно. Лавовите бегаат и се плашат од неговата батериска лампа.

Направил уред – едноставен и евтин. Поврзал соларен панел на стар акумулатор и со комплет на лед ламби и го закачил околу просторот каде ја чувале стоката. Ламбите светкале на интервали.

Откако го ставил неговиот изум лавовите ниту еднаш не ја нападнале неговата стока. Набрзо го превзеле и соседите, а сега овој уред е познат во цела Кенија како “Lion Lights”
Изумот го воодушевил директорот за зачувување на животната средина во Кенија Паул Кахамбу па му обезбедил школарина во една од најдобрите образовни институции во земјата.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1