Полицијата во Флорида речиси и да нема веќе никакви надежи за да го пронајде живо телото на триесет и шестгодишниот Џеф Буш, кој заедно со неговата спална, беше проголтнат од земјата во едно предградие во Тама. Ваквите случаи на отворање на дупки во земјата во последните неколку години се се повеќе присутни во медиумите, а забележани се примери во разни делови од светот.
Неговиот една година помлад брат, Џереми Буш, изгубил секаква надеж дека неговиот брат можел да го преживее падот во земјата. Најстрашната дупка досега според тврдењето на властите во Гватамела, се отворила во 2010 година поради преголемиот дожд, кој го предизвикал ураганот Агата.
Тогаш таа дупка во Гватамела Сити го зеде животот на 15 луѓе.
Во август минатата година во Тајван безбедносните камери снимија како во дел од секундата се отвори земјата и проголта еден млад човек.
Спасувачките екипи го извадија, но тој починал подоцна поради сериозноста на повредите.
Истиот месец во американската држава Ајдахо, на 32 годишна возраст Соња Лопез загина кога нејзиниот автомобил пропадна во дупка која се отвори сред автопат.
Во јули 2011 година, 15 годишното девојче настрада, кога по големиот дожд, дупката се појави на автопат во Јута.
За среќа не сите дупки беа поврзани со земање на човечки животи. Во кинескиот град Гвандџоу, огромна дупка проголта зграда, но без населени станари покрај станица на метро.