Мислевте дека ГМО храната е лоша – епа сега стигна и NanoTech храната


Со нанотехнологијата може да измериме милијардити дел од метар, опфаќајќи ги сите аспекти од животот, од храна до медицина, облека до вселената. Замислете стотици микрокомпјутери сместени на врвот на вашите влакна и секој програмиран со специфична задача.


8.19nanofoodИнжинерингот на молекуларно ниво е сонот на голем број на корпорации, нешто кое што во блиска иднина би можел да се оствари, сепак голем број на студии покажале дека нано-честичките, внатре во вашето тело се поврзани со голем број на здраствени проблеми.

И покрај големиот број на прибирање на токсиколошки информации, нанотехнологијата значително може да предизвика и оштетувања на мозокот и затоа треба да се подложи на целосна проценка на сигурноста.

Можно е наночестичките да се лизгаат низ нашата кожа, да укажат на потенцијална неприродна интеракција со имунолошкиот систем, или кога микро честичките ќе влезат во протокот на крвта. Некои креми за сончање на пример имаат наночестички кои би можеле да навлезат во кожата, да се движат меѓу органите со непознати последици по нашето здравје. FDA има направено неколку регулативи што се однесува до наночестичките во козметиката.

Регулаторите предлагаат да прехранбените компании кои сакаат да ги користат малите Инжинеринг честички во нивните пакувања, ќе бидат подложни на дополнителни тестирања на податоците за да ги прикажат нивните производи како безбедни.

nanotechnology-in-food4
Прехранбената и Лекарската администрација издаде пробни насоки за прехранбените и козметичките компании кои се заинтересирани за користењето на наночестичките кои се мерат во милијардити дел од метар. Нано материјалите генерално се помали од 100 нанометри во дијаметар.

За споредба, листот хартија има дебелина од 100,000 нанометри. Човечкото влакно пак е дебело 80,000 нанометри. Томас Фаунц од Австралискиот Национален универзитет, кој направил истражување, изјави дека наночестичките имаат капациетет да ги оштетат живите клетки и дека поради тоа мора да се зајакнат безбедносните мерки кон производителите.

Во 2005 година, консултантската група на глобални лидери во про-нанотехнологијата, Халмут Кајзер, изјави дека околу 300 нано-прехранбени производи се достапни на пазарот низ целиот свет, а во тој период самиот пазар во САД вредеше околу 5,4 билиони долари.

future foodДо 2015 година тие предупредуваат дека нанотехнологијата ќе се користи во 40% од прехранбената идустрија. Според овие консултанти од 2040 година, Нано производената храна ќе има правилен прехранбен состав, одржлив вкус и текстура на органски произведена храна и ќе биде вообичаена норма за многубројната популација низ целиот свет.

Јасно е дека нанотехнологијата е веќе во храната и во некои козметички производи вклучително и во кремите за сончање и против брчки.

Пакувањата со вакви производи се невидливи за голо око, некои пак се невидливи и под микроскоп, но истите содржат бар кодови кои што го подобруваат вкусот на храната. Производителите се возбудени поради достапноста на храната и фактот дека нема повеќе да бидт погодени од ограничените ресурси, лошите временски прилики и намалувањето на културите, проблемите со достапноста на водата и др.

Ова претставува модерен начин за да се прехрани светот.
Не очекувајте информации на етикетите на производите за наночестичките. Иако на пазарот компаниите се возбудени за да ги претстават придобивките, од на пример исчезнувањето на брчките, или осветлувањето на кожата, сепак овие продукти имаат и свои непознати здраствени недостатоци.

gmo2

Каде е јавната дебата за означување на наночестичките во вашата храна или козметика или ризиците од истата? Веројатно никаде. Политичките лидери сеуште расправаат за GMO (генетски модифицираните продукти) и нивните етикети.

Дури и глувците, во голем број на студии се покажало дека можат да распознаат органска од генетско модификувана храна. Секогаш тие прво ја одбираат органската храна. Кога ќе им се дадел избор само на генетски модификуван компир, тие или го јаделе полека, или гладувале до смрт. Но, што знаат стаорците!?
Значи следниот пат кога ќе се дофатите на нешто што пишува „паметно“, размислете за тоа што значи. Научете што е можно повеќе за неговиот извор и што се не има во него, за да истото го внесете во вашиот организам. Запомнете паметните микро комјутери можат да ја контролираат вашата кожа и телесни течности.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1