Нов хит во Јапонија, особено популарен меѓу младите, се становите-кутии.
Станува збор за мали станови во кои се сместуваат младите Јапонци, со надеж дека тоа е времено решение додека еден ден не си обезбедат „нормално“ живеалиште.
Во Токио веќе има цели блокови со такви станови, кои наликуваат на лего коцки наредени една до друга или една врз друга.
Таков е случајот со токисокот кварт Шибуха, познат по своите ноќни клубови, каде по поставувањето на становите-кутии густината на населението се искачи на 13.540 лица на километар квадратен.
Во овие „домови“ нивните станари имаат место само за спиење и смествување на облеката и обувките, додека за одржувањето на личната хигиена користат заеднички тоалети.
Некои од овие станови се толку мали што просечно висок човек не може да застене исправено во нив.