Лажни труднички стомаци – нова мода во Кина за да не стојат во автобус


Еден необичен производ станува се побаран во Кина и постепено се претвора во вистински хит меѓу Кинеските. Станува збор за вештачки труднички стомаци изработени од индустриски силикон. Стомаците со во три големина, кои би требало да претставуваат различна фаза од бременоста. 

Цената не еден ваков стомак се движи од 400 со 3.600 јуани (од 63 до 324 долари).

lazen stomakИлустрација за интересот е фактот што само преку сајтот за он-лајн трговија „Таобао“ месечно се продаваат по околу 300 вештачки стомаци.

Некои од жените кои купѕваат ваков стомак велат дека го прават тоа во очекување да посвојат дете, бидејќки сакаат луѓето од нивното опкружување да мислат дека се природни родетели на бебето.

Други изјавиле дека го прават тоа за да видат какво е чувството да се биде бремена, а трети пак заради злоупотреби, како обезедување место за седење во јавниот превоз, избегнување на чекањата во долгите редци или пак за добивање бесплатна храна што им се дава на бремените жени во некои ресторани.

Интересот за овие стомаци не се намалува и покрај предупредувањето на лекарите дека нивното носење може да предизвика кожни алергии.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1