Се утврдува идентитетот на уапсените првоосомничени во „Монструм“


Министерството за внатрешни работи се очекува во текот на денот да излезе со детални информации во врска со апсењето и екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осомничени како директни извршители на петкратното убиство кај Смиљковското езеро.

demiri i ismailovikj smilkovsko ubistvoКосовската полиција го проверува идентитетот на двете лица уапсени синоќа околу 19 часот. Полицијата од Косово ја известила министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека двајцата одговараат на описот од меѓународната потерница, но дека немале никакви документи за идентификација, пренесоа медиумите во Косово.

smilkovci-652Засега нема информации дали полицијата ги привела по основ на меѓународната потерница или пак за некое друго дело извршено на косовска територија.

Судскиот процес за петкратното убиство почна на 20 декември 2012 година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири.

На 12. април минатата година без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски.

Dnevnik

НА КОСОВО УАПСЕНИ УБИЈЦИТЕ НА ДЕЦАТА КАЈ СМИЛКОВСКОТО ЕЗЕРО – ЈАНКУЛОВСКА БАРА ИТНА ЕКСТРАДИЦИЈА
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1