Излекувано 2 год дете родено со ХИВ


Дете од сојузната американска држава, родено со вирусот ХИВ е излекувано со стандардни лекови. Девојчето (2,5) веќе една година не прима лекови и нема знаци на инфекција.

hiv sidaТоа би било втор случај на лекување од ХИВ во историјата. Девојчето е подложено на многу тестови за да се утврди истиот ефект и на другите заразени деца.

 – Ова е доказ дека ХИВ може да се излекува кај доенчињата, изјави д-р Дебора Персуад, вирусолог од Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор.

Тимоти Реј Браун во 2007 година беше првиот за кој се верува дека во целост е излекуван од вирусот ХИВ. Неговата инфекција е искоренета со помош на лековите за леукемија со кои му е уништен имунолошкиот систем, а потоа со трансплантација на клетки од донатори со ретка генетска мутација отпорна на вирусот ХИВ.

Во случајот на бебето од Мисисипи користен е коктел на широко достапни лекови со кои се лекуваат заразените деца со ХИВ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1