Нема веќе градење нови џамии во Москва


Градоначалникот на Москва вели дека не постојат планови за изградба на нова џамија во градот и вели дека претераниот број на муслимански емигранти е штетен за градот.

Minaret 110909„Се покажа дека муслиманите кои што се молат, воопшто не се руски државјани и не се жители на Москва. Тие се мигранти. Постојат само 10% од нив, кои се жители на Москва и доколку секој од нив сака да се гради џамија, мислам дека тоа ќе биде премногу“, изјавил Сергеј во интервју за Ехо радио Москва.
Официјалните лица на градот велат дека московјаните сега се иритирани од страна на луѓето кои зборуваат различен јазик, имаат различно и агресивно однесување.
„Ова не е чисто етнички, ова е поврзано со некои ентички особини“, вели Сергеј.
Во исто време, московскиот градоначалник објасни дека не постојат етнички енклави во градот и изрази надеж дека таквите енклави никогаш нема да се појават како затворени области, како што обично имаат многу висока стапка на криминал.

Сергеј дополни дека сегашната квота од 200,000 работници мигранти во градот само 35% се квалификувани специјалисти. Официјалниот претставник дополни дека е потребно постепено да се намали уделот на неквалификуваните работници и додаде дека сето ова може да се направи ако платите се зголемат.

rian_01215272.hr.en.siСпоред некои проценки Москва има 10 илегални имигрантии за секој регистриран. Ова го прави бројот на нерегистрирани работници од странство во градот да изнесува над два милиони. Во 2012 година властите депортираа 16,000 странци од градот поради илегално работење.
Руските муслимани не ја поздравија ваквата изјава на градоначалникот.
Ко-претседателот на советот на муфтиите на Русија, Нафигула Аширов изјави за рускиот сервис за вестите. дека муслиманите не се согласуваат со плановите на Сергеј и дека тие, доколку тоа е потребно, ќе се обратат и до адресата на претседателот Владимир Путин за каква било помош.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1